Радио Милева
Драматично

Викторија Лоба е пример за природна убавина, но во вакво издание речиси да не сме ја виделе, а тешко и дека би ја препознале (фото)

Викторија Лоба е пример за природна убавина, но во вакво издание речиси да не сме ја виделе, а тешко и дека би ја препознале (фото)

Викторија Лоба од неодамна и официјално е мажена жена, она што е последна новина за неа на приватен план, но кога работата е во праваше, Лоба постојано има некои новитети, што со нови соработки како инфлуенсер, што со настапи.

Имено, убавата пејачка со руско потекло, периодов е доста активна со настапи придружена од бенд низ кафулиња и ресторани низ земјава.

Па така, публиката се почесто може непосредно да ја гледа и да се забавува на нејзините настапи. Лоба е позната по својата природна убавина и ненаметливата шминка и стил на облекување.

Овој пат, за најава на настап кој е „афтер“ по работа, Лоба е во едно драматично и сосема ппоинакво издание во какво не сме навикнале да ја гледаме.

Драматично нашминкани очи и усни, односно театрална сценска шминка со која привлече внимание.

Инаку, Лоба неодамна настапи на „Макфест“, а и на Скопската модна недела каде пееше на писта, па модата и музиката постојано паралелно се провлекуваат низ нејзинта кариера и секојдневие, а очигледно е дека и одлично жонглира со истите.

фото:Инстаграм/Викторија Лоба/ Станков Антонио

Останати вести од Радио Милева