Радио Милева

Викторија и Дејвид Бекам од короната се кријат во карантин вреден 6,7 милиони долари (фото)

Викторија и Дејвид Бекам од короната се кријат во карантин вреден 6,7 милиони долари (фото)
фото: профимедиа

Викторија и Дејвид Бекам заедно со своите деца се наоѓаат во самоизолација во својот дом во Англија.

Последните неколку недели, членовите на ова семејство, Ромео, Круз и Харпер документираа како го поминуваат времето во карантин поради коронавирусот.

Тие на социјалните мрежи објавија фотографија на која експериментираат во кујната, се играат во дворот, а Дејвид дури ја избричи главата во  текот на претходната недела, а се тоа го забележа со камера.

фото: инстаграм/дејвид бекам

Бидејќи времто во Велика Британија е топло, Бекамови ќе може да го искористат големиот двор пред вилата каде што имаат базен, сауна..

фото: Профимедиа

Што се однесува на дневната соба, внатре има дрвени греди кои одат преку таванот, темни теписи на коцки, многу свеќи и огромен камин кој дава ефект на релаксирачки амбиент.

Во другата одлично стилски опремена просторија се наоѓа и домашното кино, со седишта кои се навалуваат, со држачи за пуканки и пригушено светло.

Како и голем број на семејства ширум светот, Викторија и Дејвид ја преземаа одговрноста да ги едуцираат децата од својот дом.

фото: инстаграм

Останати вести од Радио Милева