Радио Милева

Викторија и Дејвид Бекам го чекаат петотто дете?

Викторија и Дејвид Бекам го чекаат петотто дете?
фото: ата имагес

Еден од најпопуларните парови, Викторија и Дејвид Бекам освен тоа што нижат успеси на професионален план, уживаат и во семејната идила.

Дизајнерката и некогашниот фудбалер се горди на четири деца – Харпер (8), Круз (15), Ромеа и Бруклин (21), а според пишувањата на „Women’s Day Australia“ нивните наследници наскоро ќе добијат брат или сестра.

фото: Инстаграм

Овие пишувања ги потврди нивен пријател кој сакаше да остане анонимен.

„Бременоста ќе ја направи најсреќна. Најмногу на свет уживаат во улогата на родители на својата ќерка и трите сина, а историјата покажа дека нивниот брак е најсилен благодарение на бременоста на Викторија“ вели изворот и додава:

„Во последно време тие се соочија со бројни проблеми и токму едно дете би го спасил нивниот брак“.

фото: Инстаграм

На братот или сестрата најмногу се радува најстариот син на парот, Бруклин кој пред некој ден наполни 21 година.

Бекамови се уште не се огласија по повод овие пишувања.

Останати вести од Радио Милева