Радио Милева

Викторија Бекам во досега невидено издание: Нервозна и со потечено лице без шминка (фото)

Викторија Бекам во досега невидено издание: Нервозна и со потечено лице без шминка (фото)
фото:викторија бекам/инсатграм

Поранешната пејачка и актуелна модна дизајнерка,Викторија Бекам (45) беше фотографирана во понеделникот пред теретана во Лондон во лежерна спортска облека.

Сопругата на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (44) излезе без шминка по двочасовното вежбање. Носеше горен дел од тренерки и хеланки, на главата имаше и качкет,но не успеа да се сокрие од љубопитните очи.

фото:профимедиа

Од теретаната излегла со брзање откако ги видела бапараците, со потеченото лице и загрижен поглед.

Инаку, познато е дека Викторија е огромен љубител на теретаната, а како што вели, се обидува да изгледа најдобро.

фото:профимедиа

– Мислам дека не сум убава. Апсолутно не. Се обидувам да го извлечам најдоброто од она што го имам. Ги гледам моите недостатоци и несовршености и само се смеам и ги прифаќам. Сепак, ми требаше долго време да дојдам до таа состојба “, призна Викторија во едно интервју.

Останати вести од Радио Милева