Новото музичко парче откинато од непресушната инспирација на Гуру Харе и „Нокаут“ во нивното музичко студио е „Ти се таа“.
Овој пат Гуру Харе се потпишува како автор на музиката и текстот, додека аранжманот и продукцијата се на Никола Перевски – Пере.
Придружните вокали се на Михаела Перевска – Миа, ќерката на Пере, Трајко Симоновски гостува на бас, Бојан Перевски на усна хармоника, братот на Пере, а миксот и мастерингот се направени во студиото „Тралала“.
За се да биде спакувано како што треба се снимаше и видео спот чија реализација е на режисерот Јован Куциновски.
Погледнете:
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.