Промотер

(ВИДЕО) Сања Ристеска го киднапираше фитнес тренерот, го врза, па му запеа – „Ќе те полудам“

(ВИДЕО) Сања Ристеска го киднапираше фитнес тренерот, го врза, па му запеа – „Ќе те полудам“

Фолк пејачката Сања Ристеска го објави новиот видеозапис за песната „Ќе те полудам“. Зад песната како автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува Гоце Костоски – Пајак, а истата е снимена во студиото „Про Саунд Студио“.

Видеозаписот е реализиран на неколку локации од продукција на „ИН“, а во него како модел се појавува фитнес тренерот Милош Живковиќ.

Шминката, фризурата и комплетниот стајлинг му беа препуштени на артистот Алек Паллада кој се погрижи да ја направи Сања вамп жена која зрачи со својата самодоверба.

Ристеска по промоцијата на новата песна „Ќе те полудам“ заминува на новогодишна турнеја во Америка, а за следната година најавува комплетирање на студиски албум и промоција на уште 5 екстра видеозаписи снимени на тропски дестинации за  кои вели ќе бидат вистинско освежување на домашната музичка сцена.

Останати вести од Промотер