Живот и Стил
урнебесно видео

ВИДЕО: Метеоролог во живо им се јавил на своите деца за да ги предупреди за тоа што доаѓа – знам што прават и дека не ме гледаат мене!

ВИДЕО: Метеоролог во живо им се јавил на своите деца за да ги предупреди за тоа што доаѓа – знам што прават и дека не ме гледаат мене!

Додека известуваше во живо за времето во четвртокот, Даг Камерер, главен метеоролог во NBC Вашингтон, сфати дека, според извештајот на Националната метеоролошка служба, торнадо доаѓа во Мериленд и било насочено кон неговиот дом. Затоа веднаш го зел телефонот и се јавил на семејството.

– Морам да ги предупредам моите деца бидејќи знам што прават во моментов. Веројатно играат игри, ова сигурно не го гледаат – им рекол на гледачите.

Неговиот син му се јавил, а Камерер не губел време, но веднаш му наредил да остане на безбедно.

– Еј, Кент, дали си таму? Слезете во подрумот. Слезете се во подрум што побрзо – му рекол на синот.

Тој го советувал да остане во подрумот околу 15 минути, а потоа ја спуштил слушалката и се вратил кај гледачите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBC4 Washington (@nbcwashington)