Група „Респекти“ го промовираа видео записот за нивната прва заедничка песна насловена „Пуста да е печалба“.
Видеото се снимаше на неколку локации во Скопје, во соработка со „ИН“ Продукција. Со оваа песна тие најавуваат проект преку кој сакаат да внесат нов помодерен стил на македонската музичка сцена.
Нашето првенче е вистинска печалбарска песна, добра тема во наш македонски ритам. Идејата беше да имаме помодерен спот, а тоа и се оствари. Имаме навистина голем број на Македонци, кои живеат надвор од границите на нашата земја, па затоа оваа песна ја направивме и им ја посветуваме на ним, велат од групата.
Песната ја напиша Орце Зафировски, а е снимена во студиото на Љупчо Соколовски – Бубе.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.