Радио Милева
ова е нашиот пораз...

Весна Петрушевска ја потсети јавноста на заборавената страна на траумата: „Сите зборуваме за камерите, Цитроенот, прес конференцијата…а никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка?

Весна Петрушевска ја потсети јавноста на заборавената страна на траумата: „Сите зборуваме за камерите, Цитроенот, прес конференцијата…а никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка?

После целата колективна траума која ја задеси Македонија со грозоморниот чин на убиство на едно 14 годишно дете и еден 74 годишен човек, Весна Бејби Петрушевска беше една од оние која дечињата од својата актерска школа ги однесе во Дебар Маало, крај споменикот на Горан Стефановски, место каде што и малата Вања често поминувала. Во чест и знак на почит и сеќавање кон неа, но и како чин со кој ги учиме нашите деца да бидат чесни и достоинствени.

Вчеравечер, среда-6-ти декември 2023, Бејби со лајв видео на Инстаграм ја потсети јавноста на заборавената страна на траумата… Дека сите зборуваме за чинот на грабнувањето и егзекуцијата, за нарачателите и убијците, за соучесниците и нивното апсење, за автомобилот и неговата рута на движење, за бекството и приведувањето на главниот осомничен, за прес конференцијата и пропустите на МВР… И уште за илјада и еден детал, а сите како да ги заборавија жртвите… Сите како да подзаборавивме на мајката на невината жртва и на нејзината помала сестричка. Весна Петрушевска откри дека сестричката имала операција на срцето, а мајката здравствени проблеми со респиртаторниот систем и е во тешка психичка состојба.

„Затоа треба добро да размислите пред било што да коментирате или да објавите“ – посочи Бејби и додаде: „Нивната тага е немерлива, нивниот живот е ‘скратен’, тие се небаре ‘живи мртовци’.  Тагата е огромна, а нашата општествена одговорност е на едно многу ниско ниво. Можам само да кажам дека полека но сигурно ги губиме децата“ – вели актерката и додава:  „Ние сма дехуманизирано општество со извонредно лош образовен систем. Децата гледаат лоши примери, без никакви ведности“.

„Сега сите зборуваме за камерите, за Цитроенот, за прес конференцијата… А никој, ама никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка? Тоа е нашиот пораз!“

За ова и уште многу други детали во врска со заборавената страна на траумата, Весна Бејби Петрушевска зборуваше во своето лајв обраќање на Инстаграм, кое можете во целост  да го погледнете во продолжение:

Фото и видео: Инстаграм/vesnapetrushevska

Останати вести од Радио Милева