Радио Милева
загрижена за партнерот

Вереникот на Меган Фокс скрши чаша од глава и крвав го продолжи концертот, а еве ја нејзината реакција (фото +видео)

Вереникот на Меган Фокс скрши чаша од глава и крвав го продолжи концертот, а еве ја нејзината реакција (фото +видео)

Раперот Машин Ган Кели ги почестил своите пријатели со „крвав настап“  откако скршил чаша шампањ на главата за време на забавата што се одржала по неговиот концерт и со крвава глава го напуштил местото, заедно со неговата свршеница, познатата актерка, Меган Фокс, пишува Дејли Мејл.

Работата да биде уште полоша, сето тоа го објави на својот  Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by the Blonde Don (@machinegunkelly)

32-годишниот музичар брзо ја почнал следната песна додека толпата му подавала марамчиња за да го запре крварењето.

По забавата, Машин Ган Кели го напуштил местото облеан во крв и држејќи се за рака со својата партнерка Меган. Неговата розова мрежеста маица исто така била извалкана со крв, како и вратот и рацете.

На социјалните мрежи почна да кружи реакцијата на актерката за однесувањето на нејзиниот вереник:

@thetcup #mgk #meganfox #fyp #healthadepopit ♬ original sound – TheTcup

Како што можете да видите на видеото, таа прво е изненадена, а потоа загрижена за партнерот.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/machinegunkelly/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева