Радио Милева
Љубовни искри

Веќе нема криење: Перо Антиќ и Катарина Ивановска ја објавија првата заедничка фотографија залепени еден до друг (фото)

Веќе нема криење: Перо Антиќ и Катарина Ивановска ја објавија првата заедничка фотографија залепени еден до друг (фото)

Помина повеќе од една година откако во медиумите се појавија информации дека манекенката Катарина Ивановска и претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ се во врска, но ним им требаше повеќе време за делумно да потврдат дека се заедно, па постојано имаа доза на резерва во одговорите.

Во месец април годинава, Катарина за „Бекстејџ“ потврди дека се среќни заедно, но и тогаш беше резервирана кога ја прашаа за детали за врската со Антиќ.

Кон почетокот на месец јуни, односно не така неодамна, тие беа на заеднички летен одмор во Бодрум – Турција.

Сепак, ниту таа, а ниту тој не објавија заедничка фотографија, но ставија јасно до знаење дека се заедно во Турција, Перо ги споделуваше нејзините фотографии оттаму на Инстаграм, а и Катарина неговите со означени имиња – сосема доволно да потврдат дека заедно поминуваат еден романтичен одмор на море.

Вчеравечер таа нивна пракса на таканаречено фото – криење замина во минатото. Имено, Перо на кусите приказни на Инстаграм објави фотографија на која се стиснати еден до друг, а Катарина му зброува на увце или пак го бакнува…

Љубовните искри се тука и јасно се гледаат, а пак тие што биле непосредно до нив во познаиот скопски бар, веројатно можеле повеќе да видат од љубовниот оган на заљубената позната двојка.

Инаку, Перо Антиќ пред повеќе од две години се разведе од сопругата Ружица со која има три деца, а Катарина и Цобе не стапија во брак , но имаат две деца, син и ќерка.

фото:Инстаграм/Перо Антиќ/Катарина Ивановска

Останати вести од Радио Милева