Радио Милева

„Веќе неколку месеци не живеат на иста адреса“: Потврдено е дека Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ повеќе не се заедно

„Веќе неколку месеци не живеат на иста адреса“: Потврдено е дека Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ повеќе не се заедно
фото: Марио Појо/инстаграм

Како бомба одекна веста дека хрватскиот пејач Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ ја раскинале врската по цели две децении.

Ова информација ја потврди и преставничката за медиуми на Петар Грашо, Мартина Подгорски.

„Вистина е дека Петар и Данијела во последните месеци живеат на различни адреси, како поради професионални проекти, така и поради лични причини“, изјави Мартина за „dnevnik.hr“.

Потсетуваме, Данијела и Петар важеа за еден од најскладните бракови на хрватската сцена, а заедно поминаа повеќе од 24 години.

Парот никогаш не се венчаше, а немат ни заеднички деца.

Останати вести од Радио Милева