Радио Милева
провокација

Ведрана Рудан и се “пушти“ на Јована Јоксимовиќ: „Премногу е за тебе да прочиташ една книга“ (Фото)

Ведрана Рудан и се “пушти“ на Јована Јоксимовиќ: „Премногу  е за тебе да прочиташ една книга“ (Фото)

Јована Јоксимовиќ е позната како некој што не дозволува гостите да и прават проблеми во емисијата, но овој пат беше  испровоцирана од  писателката Ведрана Рудан.

Ведрана и гостуваше на Јована во емисијата „Уранак“, а повод беше новата книга на познатата писателка со наслов „Доживотен затвор“. Сепак, Јована ја испровоцира писателката, која пак дупло и врати:

„Дојдете  ако немате што друго да правите. Таа на мене сега ќе ми напише посвета на книгата, секогаш сакам да прочитам  што ќе ми напише, секогаш тоа е нешто…“ – рече Јоксимовиќ, и  почна префрлањето:

„А кога би ја прочитале и книгата, но тоа е премногу, сега да не претеруваме. Ќе си ја прочитате само посветата“ – и одговори Рудан.

-Ова е моја емисија, јас сум уредник. Реклами“ – рече на шега Ведрана, цитирајќи ја Јована во ситуација кога го поканила политичарот Млаџан Ѓорѓевиќ, и додаде дека се сеќава на таа ситуација и дека си ветила „дека ќе биде фина и  нема да каже ништо провокативно“.

„Ти се  заблагодарувам за твојата самоконтрола“ – и  рече Јована.

Покрај тоа таа изненади многумина со тоа што рече и дека „не знае дали мажот на Јована е маж, бидејќи тоа е широк поим“, и дека „Тој подобро се оженил отколку што се омажила водителката“.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/ К1/Танјуг

 

 

Останати вести од Радио Милева