Радио Милева
суптилна одмазда

Вања Кнежевиќ, дисквалификуваната учесничка од шоуто на„Гранд“ со прва песна: „Ќе те боли кога ќе паднеш на дното“ – посветена на Карлеуша?

Вања Кнежевиќ, дисквалификуваната учесничка од шоуто на„Гранд“ со прва песна: „Ќе те боли кога ќе паднеш на дното“ – посветена на Карлеуша?

Дисквалификуваната натпреварувачка од регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“,  Вања Кнежевиќ  ја објави својата прва песна и видеоспотза неа.

Младата пејачка го реализираше овој проект со помош на Светлана Цеца Ражнатовиќ и Дамир Хандановиќ.

Интересно е што Кнежевиќ ја објави својата песна токму на роденденот на фолк дивата, со текст: „Ќе те боли кога ќе паднеш на дното“.

Сепак, се чини дека Вања не ја завршила „војната“  со русокосата „мала од скандала“ она другата поп-фолк дива,  Јелена Карлеуша, за неа омразената членка  од популарното музичко натпреварување.

Изборот на зборовите  очигледно не се случајни, туку некому намерно посветени… Како суптилна одмазда, можеби? Друго прашање е дали тоа, тој некој „ќе го допре“?!

Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/karleusastar

Останати вести од Радио Милева