Живот и Стил

Ванила мафини, сочни и вкусни

Ванила мафини, сочни и вкусни

Одличен рецепт за мафини, сочни и вкусни…

СОСТОЈКИ:

  • 2 јајца
  • 7 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 4 лажици гриз
  • 5 лажици брашно
  • 1 кесичка пудинг од ванила
  • 9 лажици млеко
  • 6 лажици масло
  • 1 прашок за печиво
  • 100 гр шеќер за прелив
  • 200 мл вода за прелив
  • шлаг или слатка павлака за декорација

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Вклучете ја рерната на 220 степени. Со миксер разматете јајца со шеќер и ванила. Со лажица измешајте ги останатите состојки па ставете во калапи за мафини.

Печете околу 15 минути, извадете ги колачињата од калапите, прелијте ги со зготвениот прелив и оставете ги минута да го впија преливот. Кога малку ќе се изладат ставете ги во хартиени корпички и декорирајте ги со шлаг.

извор: готви.мк