Радио Милева
критики

Вакво нешто досега не е видено: Ким Кардашијан се појави во бизарно издание на „Мет Гала 2021“ (фото)

Вакво нешто досега не е видено: Ким Кардашијан се појави во бизарно издание на „Мет Гала 2021“ (фото)

По една година пауза поради пандемијата со коронавирусот, „Мет Гала 2021“ се одржа во музејот „Метрополитан“.

Традиционалниот моден настан организиран од „Вог“  ги собра познатите од светот на модата и шоубизнисот,  но со својата појава најмногу се истакна најпознатата старлета во светот – Ким Кардашијан.

Сите се изненадија кога на црвениот килим се појави Ким во црна комбинација од глава до пети, познавајќи се само линиите на нејзиното тело.

Старлетата носела црн фустан со долги ракави, црни високи чизми, црни ракавици, а и лицето целосно и било покриено со црна маска.

Поради ова нејзина комбинација таа стана предмет на исмејување на социјалните мрежи.

„Ова се случува кога ќе поминеш долго време со Канје“, „Госпоѓо дали сте добро“, „Ова е многу глупаво“, се само некои од коментарите.

фото: профимедиа/john angelillo/getty images/mike coppola/getty images/theo wargo/instar images/janet mayerstartraksphoto.com

Останати вести од Радио Милева