Радио Милева
недопустлив кикс

Ваков „бисер“ ретко се гледа и слуша на ТВ екраните: Презентерката на ТВ дневникот на РТС се избрука за сите пари (ВИДЕО)

Ваков „бисер“ ретко се гледа и слуша на ТВ екраните: Презентерката на ТВ дневникот на РТС се избрука за сите пари (ВИДЕО)

Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси конечно го постигна својот прв гол во дресот на ПСЖ, но киксот на водителката на нациналната РТС наголемо се споделува на социјалните мрежи, а уште долго и ќе се прераскажува.

Спортскиот дел од вестите беше наменет за настаните во Лигата на шампионите, а особено беше интересно што еден од најдобрите светски фудбалери, Лионел Меси конечно ја затресе мрежата на ривалот откако го облече дресот на ПСЖ.

Додека ги читаше резултатите и стрелците во најелитното европско фудбалско натпреварување, презентерката на вестите го кажа следново:

„ПСЖ го совлада Манчестер Сити во „блокбастер“ дуелот од 2.коло во Лигата на шампионите со 2:0, а Лионел Меси го постигна својот прв гол во дресот на Партизан?!“ – се слушна од ТВ екраните, а „бисерот“ на водителката осамна на социјалните мрежи со молњевита брзина.

Останати вести од Радио Милева