Радио Милева
се' му се може

Синот на Цеца лумпуваше до зори: Вељко пееше и танцуваше качен на шанкерска столица среде дискотека (ВИДЕО)

Синот на Цеца лумпуваше до зори: Вељко пееше и танцуваше качен на шанкерска столица среде дискотека (ВИДЕО)

Вељко Ражнатовиќ се потруди во Лозница добро да се забавува. Излезе со друштво, како и со вереницата Богдана Родиќ, па лумпуваше до доцна во ноќта.

Се пееше и пиеше во преполниот диско клуб на звуците на српскиот турбофолк и поп – фолк, а дека има и танцувачки афинитети и квалитети синот на Цеца покажа пред очите на сите присутни.

Иако и пред тоа беше главен во клубот, во  еден момент Вељко се качи на шанкерска столица, па запеа и така качен почна да танцува!

Богдана остана на своето место, а танцувачкиот перформанс на својот вереник го проследи само со насмевка.

Фото: Дамир Дервишагиќ/Соња Спасиќ

Останати вести од Радио Милева