Живот и Стил

Вака најлесно се одржува бикини зоната, вредни совети

Вака најлесно се одржува бикини зоната, вредни совети

Влакната во пределот на бикините зоната летно време се најголемиот проблем за жените. Нивното отстранување знае да биде мачно, а често се јавува и иритација на кожата.

Не секогаш депилацијата на бикини зоната е решение за жените. Одбегнувањата може да бидат од неколку причини, а доколку за отстранување на влакната од овој дел користите брич треба да знаете неколку работи.

Но, најпрво да се утврди што точно е бикини зона.

Сите девојки и жени гледаат различно на бикини зоната. За некое тоа е само делот надвор од бикинито, а за други се што е покриено со бикини. Бикини зона, всушност е целиот предел на кој растат „срамни“ влакна. Нивното отстранување е од лични причини, а доколку се одлучите на брич еве како правилно да ја средите бикини зоната.

Прво правило е да користите остар брич. Иритацијата, исеченици и внатрешно пораснати влакна се последица од користење на тап брич кој не може да ја заврши работата како што треба. Секогаш пред бричење земете нов брич и користете го само еднаш.

Дури и ако имате брич за повеќекратна употреба потребно е добро да го исчистите по бричењето, да го дезинфицирате, а пред повторна употреба да го ставите под вода за ако има евентуални остатоци од претходниот пат да испаднат.

Потоа потребно е да направите ексфолијација на кожата за да ги отстраните мртвите ќелии кожа, тоа може да го направите со производи за таа намена кои ги има во дрогериите.

Нанесете крема за бричење и бричете движејќи го бричот во правецот кон кој влакната растат, а никако не во спротивен првец. На крај, нанесете лосин кој ќе ја омекне и заштити кожата.