Радио Милева
што би било кога би било

Вака ќе изгледаа великаните на рок ен ролот денес, да беа живи: Џон Ленон, Елвис Присли, Џими Хендрикс, Џим Морисон… (ФОТО)

Вака ќе изгледаа великаните на рок ен ролот денес, да беа живи: Џон Ленон, Елвис Присли, Џими Хендрикс, Џим Морисон… (ФОТО)

Многу славни личности, меѓу кои легендарните основоположници на рок ен ролот  починаа релативно млади или во време кога се чинеше дека имаат многу повеќе да му понудат на светот. Иако оставија неизбришлива трага во својата професија и инспирираа милиони, на нивните обожаватели не им беше лесно да се помират со фактот дека ги нема повеќе.

Размислувајќи за починатите славни личности, еден експерт за Фотошоп се прашувал како би изгледале денес Џон Ленон, Елвис Присли, Џими Хендрикс, Џим Морисон… и другите великани на рок музиката, доколку тие сè уште беа живи. Користејќи апликации засновани на вештачка интелигенција, тој се обидел сам да одговори на ова прашање. Дизајнерот направи серија портрети кои покажуваат како може да изгледаат починатите славни личности денес доколку нивниот живот не завршеше прерано.

Џон Ленон
Роден: 9 октомври 1940 година. Починал: 8 декември 1980 година. Да беше жив денес, ќе имаше: 81 година.

Фреди Меркјури
Роден: 5 септември 1946. Починал: 24.11.1991 година. Да беше жив денес, ќе имаше: 75 години.

Дејвид Боуви
Роден: 8 јануари 1947 година. Починат: 10 јануари 2016 година. Да беше жив денес, ќе имаше: 74 години.

Елвис Присли
Роден: 8.01.1935 година. Починал: 16.08.1977 година. Да беше жив денес, ќе имаше: 86 години.

Џими Хендрикс

Роден: 27 ноември 1942 година. Починат: 18 септември 1970 година. Да беше жив денес, ќе имаше: 79 години.

Џим Морисон

Роден: 8 декември 1943 година. Починат: 3 јули 1971 година. Да беше жив денес, ќе имаше: 78 години.

Фото: Инстаграм принтскрин/hidreley

Останати вести од Радио Милева