Радио Милева
наследници

Вака изгледаат децата на актерите од серијата „Пријатели“ (фото)

Вака изгледаат децата на актерите од серијата „Пријатели“ (фото)

Мислите дека знаете сè за актерите од серијата „Пријатели“? А дали знаете кои се нивните деца?

Кортни Кокс (57) од бракот со Дејвид Аркет ја има ќерката Коко Аркет, со која е неверојатна блиска.

Кортни на својот Инстаграм профил често споделува фотографии на кои е нејзината ќерка тинејџерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)

Џенифер Анистон (52) нема деца иако долго се шпекулираше за нејзината бременост. Медиумите барем еднаш годишно пишуваа за тоа дека Анистон е бремена, но тоа никогаш не се случи.

Но, таа е кума на ќерката на Кортни, Коко.

Meт Лебланк (54) кој во серијата ја имаше улогата на заводник Џоиа ја има шеснаесет годишната ќерка Марина Перл која ја доби бракот со Мелиса Мекнајт. Мет неколкупати изјави дека децата на поранешната сопруга ги смета за свои бидејќи пораснале со нив во истата куќа.

„Тејлор има 25 години и таа е инжињер на звукот. Работи во студио за снимање. Мојата ќерка Жаклин дипломираше компјутески дизајн“, изјави Мет во 2016 година.

Лиса Кудроу  (58) го има синот Џулијан со кој била бремена додека ја снимала серијата „Пријатели“. Актерката во неколку наврати има изјавено дека тој е нејзината најголема поддршка.

Дејвид Швимер (54) има ќерката Клео од бракот со поранешната сопруга Зои.

фото: инстаграм/профимедиа

 

Останати вести од Радио Милева