Радио Милева
Газда, секоја чест!

Вака Дадар ги мотивира вработените во „Мое студио“ (ВИДЕО)

Вака Дадар ги мотивира вработените во „Мое студио“ (ВИДЕО)

Дека, Александар Билјановски – Дадар важи за најпознатиот и најдобар стилист во Македонија, знаат и врапчињата! Ама, дека е и еден од најдобрите газди, за сопственикот на „Мое студио“, веројатно до сега знаеа само оние кои работеле или се’ уште работат кај него!

Секој(а) од нив несомнено го добива она што го сработел(а), заслужила, остварила… и претходно договорила со сопственикот на „Мое студио“. Дека се одлични во извршувањето на својата работа, најдобро говорат бројот и зборовите на нивните клиенти. Кај Дадар се закажува со денови, недели, па и месеци однапред… Таков е редот, зашто долг е редот на чекање!

Но и дека меѓу еднакво добрите вработени има и малку подобри или најдобри, деновиве дознаа и самите. Имено, сакајќи уште повеќе да ги стимулира, Дадар им приреди пријатно изненадување на своите вработени, избирајќи го најдобриот работник на месецот!

За најдобриот работник во „Мое студио“,во случајов, во месец ноември е прогласена Кристина! За неа, победничка торта и… останатото го знае само Дадар!

Тортата Кристина веројатно ќе ја подели со колегите, а она другото, ако го има… ќе му дојде нешто како „предновогодишно пакетче“… од газда Дадар! Епа газда, секоја чест!

Мала пауза 😉 Работник на месецот 🙂

A post shared by Make This World More Beautiful (@dadar_alex) on

Останати вести од Радио Милева