Радио Милева

Ужива во зимските лудории: Ристе Ристески е фраер и кога ќе се качи на скии (фото)

Ужива во зимските лудории: Ристе Ристески е фраер и кога ќе се качи на скии (фото)
фото: Принтскрин/инстаграм

Надвор се уште календарски е зима, па иако нема снег и не владеат зимски температури, јавните личности го користат периодот за се одморат на некој ски центар.

Така, некои заминаа во нашите преубави предели, односно Маврово, Попова Шапка, а некои заминаа во соседна Бугарија или Србија.

Македонскиот пејач Ристе Ристески пред повеќе од една година се пресели во Белград каде што живее во изнајмен стан, но се посвети на музичката кариера.

фото: Принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, кога нема обврски тој сака да дојде во родниот крај односно Охрид особено за летниот период каде ги полни батериите.

фото: Принтскрин/инстаграм

Сега, за време на зимските одмори, Ристе наместо Охрид ја смени локацијата, па одбра еден од најубавите места за опуштање и релаксирање.

Имено, тој деновиве батериите ги полни на Копаоник, па се качи на скии и се впушти во зимските авантури.

фото: принтскрин/инстаграм

Се надеваме дека и покрај ладното време, пејачот ќе успее да се одмори од секојдневието и ќе се врати полн со енергија за новите ангажмани и активности.

За потсетување, Ристе е единствениот Македонец кој победи во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Останати вести од Радио Милева