Радио Милева
ги разбуди тажна вест

Ужас на турнитот во Токио: Трагедија во тимот на Новак Ѓоковиќ

Ужас на турнитот во Токио: Трагедија во тимот на Новак Ѓоковиќ

На тимот на Новак Ѓоковиќ во Токио му се случила голема трагедија. Сестрата на Горан Иванишевиќ, Срѓана, починала во Загреб на 53-годишна возраст.
Срѓана Иванишевиќ долги години се борела со леукемијата. Третманот бил олеснет со тоа што нејзиниот брат бил успешен тенисер и семејството можело да го финансира третманот. Починала по операцијата во болницата во Загреб.

Порталот „24 сата“  го пренесува сеќавањето на Иванишевиќ на јуниорското време, кога дознал дека неговата пет години постара сестра има леукемија.
„Пред да заминам, татко ми ми рече: ‘Гледај, имам лоши вести, сестра ти е болна, треба да и се посветиме неа, сега си сам’. Третманите за овој вид на болести, од кои многу луѓе умираат, беа многу скапи и јас не спиев таа ноќ. Сепак, отидов во Австралија и изгубив во финалето на квалификациите на Аделаид.  Сите парични награди што ги заработив ги земав во готово. И тогаш, се сеќавам, отпатував на натпреварот на Дејвис купот против Данска во Белград, и ги носев сите пари со себе во јакна. Придружник на летот ме праша 16 пати дали сакам да ја соблечам јакната, и јас одбивав секој пат и велев: ‘Не, добро ми е’, рекол Горан Иванишевиќ  своевремено.

Срѓана за време на бременоста дознала дека има леукемија. Со години, семејството Иванишевиќ се борело заедно со Срѓана, но на крајот таа не издржала.
Таа во четвртокот наутро имала операција, а починала вечерта.

За време на неговата кариера, Срѓана била една од главните мотивации за Горан, кој, меѓу другото, рекол дека играл за својата сестра во осумдесеттите, за Хрватска во 90-тите години и дека немал за кого да игра подоцна.
Според локалните медиуми, Иванишевиќ не се чувствувал добро кога ја дознал оваа тажна вест и не можел да верува во тоа што го слушнал и со првиот авион се вратил во Хрватска.

Останати вести од Радио Милева