Радио Милева
модерно

Уреден по нејзин вкус: Ѕирнете во домот на Шехерезад во Лондон (фото)

Уреден по нејзин вкус: Ѕирнете во домот на Шехерезад во Лондон (фото)

Домот на Бергузар Корел и Халит Ергенчу  или познати како Шехерезад и Онур во Лондон е потполно различен од домот во кој парот живее во Турција.

Имено, кога се роди ќерката Лејла, ќерката на популарната Шехерезад, Бергузар и Халит одлучија да го уредат нивниот дом во Англија.

Судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, турската двојка во нивниот дом наскоро ќе имаат камин кој ќе биде идеален за зимските денови.

Иако турските медиуми шпекулираат дека двојката се преселила во Англија, нивниот ПР менаџер тоа го демантираше велејќи дека парот во последните пет години го посетува Лондон.

Бергузар на „Инстаграм“ откри детали од дневната соба, како и неколку детали од станот. Актерката го уредила својот дом по нејзин вкус.

фото: Zen Pırlanta Promo/ Instagram screenshot

Останати вести од Радио Милева