Радио Милева
гангста - фолклор

Украина со рап и изворен фолклор победи на Евросонг: И ние гангста рап-оро имавме далеку пред Украинците, само… не го препознавме?! (ВИДЕО)

Украина со рап и изворен фолклор победи на Евросонг: И ние гангста рап-оро имавме далеку пред Украинците, само… не го препознавме?! (ВИДЕО)

Без оглед на сите воено – политички случувања во Украина и политики вткаени во годинешниов „Евросонг“, Украина победи со песна која е интересна музичка компилација на навидум две неспоиви нешта: изворниот фолклор и рап музиката.  Иако на прва се чини дека ваквата комбинација е „невозможна“, ако ја погледнете генезата на двата музички правца ќе видите дека доаѓаат од исто место, имаат ист корен – народот! Само од „различни дрвја“, од различни средини, географски локации… Но, патината за која најчесто се пее и во едниот и во другиот жанр е иста. Само кај различни народи, нации, во различни средини, области, гета… Географски, дијаметрално спротивни на две различни страни на светот!

Спојот на изворниот фолклор со современите музички поп, рок, ар ен би… жанрови не е ништо ново на „Евровизија“, не е откривање „топла вода во бојлер“, но очигледно е  добар рецепт за пристоен, а неретко и победнички успех на оној што ќе се сети „кога и како да го вклучи бојлерот“!

Тоа се покажало и со фолклорот во победничките песни на северно-европските земи како Ирска или Норвешка на пример, a  и со оној на балканските земји од регионот како Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Турција, Грција…

Па дури и ние сме имале обиди за вакви испреплетени жанровски комбинации преку спој на фолклорното и современото како песната на кралицата Есма и Лозано, на пример  пред неколку години.  Но, по се’ изгледа дека треба да ти се погоди моментот или да си претставник на земја – важен фактор на континентот? Украина очигледно годинава беше. Трето објаснување – нема!

Арно ама, ако се навратиме едно два-тринаесет години наназад и се потсетиме на една видеоснимка, од Скопскиот фестивал, односно тогашниот македонски избор за песна на Евровизија 2009, ќе видите дека и НИЕ  гангста рап-оро имавме и тоа далеку пред Украинците, само… изгледа не го препознавме?!

Имено, токму во таа 2009-та година на домашниот евровизиски избор се појави рап-фолк формацијата наречена „Сленг“ со нивнта песна „Гангста оро“ со која се обидоа да бидат избрани да ја претставуваат Македонија. Завршија како што завршија иако нивниот настап беше повеќе од необичен и над се симпатилчен, ама и мошне оригинален… Денес се покажува дури и победнички!

До душа, како што осамнаа некои пораки ( скраја да е) на социјалните мрежи: „Треба(ше) ли некој да ја бомбардира и Македонија за да победиме на Евровизија?“ веројатно треба да се „склопат и коцкичките“ за да го добиеш мозаикот… Иако, ако е победата на Украина навистина придобивка на војната, на тој начин сигурно никој  не ја посакува!

Затоа пак, потсетете се на македонскиот изворен фолк –“Генгста оро“ стајл од пред повеќе од дузина години:

Останати вести од Радио Милева