Мегафон
воени околности

Украина сепак нема да биде домаќин на Евровизија 2023 година: Изборот за песна ќе се одржи во друга земја

Украина сепак нема да биде домаќин на Евровизија 2023 година: Изборот за песна ќе се одржи во друга земја

Изборот за песна на Евровизија 2023 година нема да може да се одржи во Украина поради тековната војна во таа европска земја, соопштија од Европската радиодифузна унија, додавајќи дека е во преговори со Би-Би-Си за одржување на фестивалот во Обединетото Кралство.

Јавниот радиодифузер на Украина  (UA: PBC) не може да ги обезбеди безбедносните и оперативните гаранции потребни за домаќин и организирање и продуцирање на Евровизија во согласност со правилата на Изборот за песна на Евровизија (ESC), беше објавено денеска на ESC Twitter, пренесува Ројтерс.

ЕБУ му се заблагодари на украинскиот јавен радиодифузер за неговата  срдечна соработка и посветеност во обидот да се најде решение по победата на оркестарот Калуш во Торино на 14 мај оваа година, додавајќи дека ја споделува нивната тага и разочарување што натпреварот не може да се одржи следната година во Украина – пренесува Ројтерс.
На овогодинешниот натпревар минатиот месец победи украинската група „Калуш Оркестар“, а на второ место  беше Обединетото Кралство.

Фото:Принтскрин/Ројтерс/Јара Нарди