Живот и Стил

Удобно и практично парче без кое есента е незамислива: Еве како се носи карираната кошула оваа сезона

Удобно и практично парче без кое есента е незамислива: Еве како се носи карираната кошула оваа сезона

Предимензионираните кошули со машки крој се идеално есенско парче. Тие се удобни и топли, а карираниот дезен гарантира ултра модерен стајлинг.

Според зборовите на дизајнерите, оваа сезона е незамислива без ова парче облека. Освен што изгледаат убаво, дополнителен плус е што можат да се носат на безброј начини и во безброј прилики.

Совршено изгледаат во комбинација со фармерки и патики, но и со кожни здолништа и високи потпетици. Карираната кошула е парче во кое дефинитивно вреди да се инвестира.

Еве како да ја стилизирате карираната кошула како вистинска трендсетерка:

извор: точка.мк