Љубов и Секс

Убавината не е клучна: Особини кои мажите ги прават најдобри љубовници

Убавината не е клучна: Особини кои мажите ги прават најдобри љубовници

Едно истражување открило особини кај мажите кои се неопходни за жените да ги квалификуваат како добри љубовници. А, меѓу нив не е убавината.

Смисла за хумор
Жените обожаваат духовити мажи, оние кои по напорен ден ќе им изнудат насмевка на лицето. Малата шега е добра и за дух и за тело, а тоа значи дека жената нема да биде напната во текот на сексуалниот однос.

Креативност
Мажите кои ја покажуваат својата креативна страна често се помалку под стрес и поотворени се за комуникација и интимност од мажите кои немаат креативни хобија. Жените бараат мажи кои се занимаваат со различни работи, а не само со спорт.

Мирис
Начинот на којшто мажот мириса може да поттикне сексуален интерес кај партнерката, а тоа своевремено е привлечност која се доживува помоќно за разлика од други ситуации. Ова едноставно е начин да продолжи да мисли на вас и кога не сте заедно.

Верност
Жените обожуваат верни мажи, односно мажи кои гледаат само во нив како на единствени партнерки. Треба да се спомене дека жените така создаваат чувство на сигурност и дека нема да им биде непријатно да ви го возвратат истото.

Добрина
Припадниците на понежниот пол сакаат емпатија, разбирање, топлина кај човекот. Сакаат да почувствуваат нежна страна од својот партнер, сакаат да ја почувствуваат неговата добрина. Доколку ја спознаат оваа човекова особина кај вас, тие нема да имаат проблем да останат со вас до крајот на животот.

извор:точка.ком.мк