Радио Милева
сличност

Убавина која се пренесува од колено на колено: Анџелина Џоли, нејзината мајка и ќерка изгледаат исто (фото)

Убавина која се пренесува од колено на колено: Анџелина Џоли, нејзината мајка и ќерка изгледаат исто (фото)

Анџелина Џоли важи за една од најубавите жени на светот, а убавината ја наследила од мајка си и ја пренела на својата ќерка.

Познатата актерка Анџелина Џоли покрај бројните успешни улоги кои ги има и кариерата која ја прослави на светско ниво, важи за една од најубавите жени на светот.

Нејзините карактеристики се совршени. Убавината ја наследила од нејзината мајка Маршелин Бертранд, која почина во 2007 година поради рак на јајниците и на дојката, со кој долго време се бореше.

Убавата Маршелин била и актерка, но сепак решила да се пензионира, бидејќи не можела да го балансира семејниот и деловниот живот. Таа се грижела за ќерката Анџелина и синот Џејмс, кои исто така решиле да тргнат по стапките на нивната мајка и да се испробаат во актерството.

Гените во ова семејство се многу силни, со оглед на тоа што Анџелина, нејзината мајка Марселин и ќерката Шајло  многу личат. Трите имаат потполно исти црти на лицето, очи, насмевка и усни. Сликата што ја покажува нивната сличност воодушеви милиони луѓе.

Фото:принтскрин/Профимедиа/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева