Мегафон
фестивалски настапи

TYGA специјален гостин на COACHELLA, а во јуни на FUSION FESTIVAL во Скопје

TYGA специјален гостин на COACHELLA, а во јуни на FUSION FESTIVAL во Скопје

Сакаме да Ве информираме дека овој викенд се одржа еден од најголемите светски музички фестивали, „Coachella“ во Калифорнија, каде присуствуваа повеќе од 125.000 посетители од целиот свет, меѓу кои и најпознатите личности од музичката и филмската индустрија.

Оваа година како хедлајнери на фестивалот настапија: Harry Styles, Billie Eilish, The Weeknd, а TYGA се појави како специјален гостин на настапот на Doja Cat по повод нивната нова соработка “Freaky Deaky”.

Песната е дел од албумот на TYGA кој излегува во Јуни, непосредно пред настапот на TYGA во Скопје, на FUSION FESTIVAL, кој ќе се одржи на 22.06.2022 на Стадионот на АРМ.