Вистаграм

Туристите го обожуваат: Храна, чинии, мост, телефонска говорница – на овој остров сè е во знакот на виолетовата боја

Туристите го обожуваат: Храна, чинии, мост, телефонска говорница – на овој остров сè е во знакот на виолетовата боја

За да ги привлечат туристите да го истражат овој дел од светот, жителите на островот Банвол одлучиле сè да исфарбаат во виолетова боја, а исто така насадиле и такви цвеќиња.

А, дека во тоа успеале говори фактот што само минатата година овој остров го посетиле 100.000 туристи.

На островот на југозападното крајбрежје на Јужна Кореја преовладуваат јоргованите и лавандата кои на природниот пејзаж му даваат прекрасна нијанса на виолетова боја.

Сега овој остров е познат како „виолетов остров“, а таму има околу 400 згради чии кровови исто така се во пастелно виолетова боја, стари телефонски говорници и голем мост кој го поврзува островот со соседниот остров Бакџи во истата нијанса на боја.

Овој проект бил осмислен во 2015 година кога јужнокорејската покраина Јеоланам сакала таквата островска дестинација да стане атрактивна за туристите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Purple Store ® (@thepurplestore)

За да ја поттикнат идејата, владата исто така помогнала во садењето цвеќиња, додавајќи 30.000 стери од Нова Англија, диво цвеќе во одговарачката нијанса на боја, како и бескрајни полиња со лаванда.

Изградени биле и ресторани, кафулиња и донесени интересни велосипеди за островот да биде погоден за туристите, но и функционален особено во текот на пандемијата на коронавирусот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by travelgram_korea (@travelgram_korea)

Дека сè е во функција на виолетовата боја говори и фактот што рестораните служат виолетов ориз и тоа во чинии со иста боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by App in the Air (@appintheair)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Purple Store ® (@thepurplestore)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Asia Pop 2.0 (@asiapop2.0)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gilson (@gilsonfagundes_)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Lopez (@melssel7)

извор: точка.мк