Радио Милева
модернизирање на монархијата

Целата палата на нозе: Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон решени на големи промени

Целата палата на нозе: Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон решени на големи промени

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се во процес на реструктуирање на палатата – приватниот секретар Жан-Кристоф Греј ја напушта „Фирмата“, а на негово место ќе дојде ново лице, кое ќе ја извршува функцијата генерален директор.

Вработувањето на извршниот директор означува огромна промена во насока на „Фирмата“, бидејќи тимот од високи членови на кралското семејство обично го води приватен секретар.

Според Тајмс, Жан-Кристоф ќе ја напушти палатата Кенсингтон во пролетта 2024 година, тим за комуникации на тогашниот премиер Дејвид Камерон во 2012 година.

Принцот Вилијам и принцезата Кејт првпат објавија дека бараат извршен директор уште во септември. Огласот за работа гласеше: „Ова е единствена можност да се придружите на посветениот тим во палатата Кенсингтон кој ја поддржува извонредната работа на Принцот и принцезата од Велс. Генералниот директор е најстариот и најодговорниот глава на домаќинството, кој директно одговара на принцот и принцезата од Велс“.

Дали ова се новите чекори на принцот Вилијам и Кејт кон модернизирање на монархијата или едноставно им беше попрактично да имаат извршен директор наместо приватен секретар, останува да видиме.

фото: Chris Jackson Getty Images for TGI Sport/

Останати вести од Радио Милева