Радио Милева
„Ќе плачеш Димитре!“

Труднички моменти со хормони до плафон: Сара Мејс заспа среде роденденска забава (фото)

Труднички моменти со хормони до плафон: Сара Мејс  заспа среде роденденска забава (фото)

Бременоста за секоја жена е индивидуално искуство, па дури две или повеќе бремености кај една иста жена знаат да бидат различни една од друга.

Пејачката Сара Мејс е бремена по вторпат и очекува машко бебе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

За два месеци Сара и Димитар ќе станат родители по вторпат, а малата Илина ќе добие братче. Мама Сара е во 30-та недела од бременоста односно на крајот од седниот месец, период кога стомакот е натежнат, а хормохите се до плафон.

На повеќето трудници им се спие во поголем дел од денот, им се јадат одредени нешта, хиперсензитивни се итн…

 

Сара очигледно сака да дремне во било кое време и место, па така Димитар ја фотографираше заспана додека се на роденденска забава и ја објави на Инстаграм.

Кога таа го виде ова, падна и закана:

 

„Ќе плачеш Димитре“, напиша Сара за објавата, а потоа сподели и што и се јаде овој период. Младото кромидче го грицка со сласт, а важно е дека се витамини, здраво и природно и за неа и за бебето.

Инаку, Сара неодамна објав дека и за оваа бременост планира да се породи во една од приватните клиники во Скопје каде што ја роди ќерката Илина.

фото:Инстаграм/ Сара Мејс/Димитар Атанасовски принтскрин

Останати вести од Радио Милева