Љубов и Секс

Трите најважни комплименти кои мажите сакаат да ги слушнат од вас

Трите најважни комплименти кои мажите сакаат да ги слушнат од вас

Најновото истражување покажа дека и мажите уживаат во комплименти кои ги добиваат од жените.

Можеби е вистина дека жените повеќе уживаат во комплименти, но не е вистина дека мажите не сакаат да слушнат убави зборови. И тие уживаат кога жените ги фалат, а постојат некои комплименти кои имаат посебен ефект над нив.

Научници открија дека постојат јасно дефинирани реченици кои можат да го привлечат машкото внимание и да ги натераат да се чувствуваат повеќе посакувано. Во текот на истражувањето е откриено дека 52 проценти од жените и 37 проценти од мажите повремено не прифаќаат комплименти.

Тоа се случува кога некој не сака да биде во центарот на вниманието, но постојат луѓе кои едноставно не се чувствуваат пријатно за да прифатат комплимент. Анкетата која е спроведена откри што е потребно да кажете за да мажите се почувствуваат убаво и пријатно.

Овие три реченици дефинитивно ќе измамат насмевка на нивното лице:

1. „Делуваш многу интелигентно“.

2. „Изгледаш среќно“.

3. „Изгледаш добро за твоите години“.