Промотер

Трите македонски симфо-грации од „Тринити стрингс“ прашуваат – „Да или не?“ (ВИДЕО)

Трите македонски симфо-грации од „Тринити стрингс“ прашуваат – „Да или не?“ (ВИДЕО)

Македонското гудачко трио „Тринити стрингс“ деновиве ја објави својата нова, трета по ред песна со наслов: „Да или не“?

Црни свечени тоалети во амбент како да се антички божици, Ирена Стојановска и Александра Мирсинова (виолина) и Марта Куч (виолончело и вокал) темата ја визуелизирале на една од најубавите локации во Македонија, античкиот локалитет „Хераклеа“ кај Битола.

Автори на музиката и стиховите се Марта Куч и Ирена Стојановска, додека аранжманот се погрижил да го направи Иван Јованов – Ивајо.

Налик на она што го свират девојките од „Бонд“ или Ванеса Меј, трите македонски убавици во нивната нова тема го синтетизирале модерниот звук со класичните инструменти, создавајќи своевиден микс на етно, техно поп и класика, но на специфичен начин, во амбиентален стил кој им дава сопствен печат, препознатливост и уникатна оригиналност.

Кога на сето тоа ќе му се придодаде еротскиот набој кој го создава нивната сексапилна појава, сликата за творештвото на трите македонски симфо грации  аудио-визуелно го комплетира впечатокот, кој е доволно импресивен.

Како видео продуцент и режисер на видеото кое одлично соодвествува со амбиентот на музиката сипреплетувајќи го аудиото и визуелното во една компактна целина, се јавува  Горан Симјановски.

Проследете во продолжение како звучи и изгледа кога „Тринити стрингс“ прашуваат: „Да или не“?

Останати вести од Промотер