Љубов и Секс

Тринаесет знаци дека ја пронајдовте сродната душа

Тринаесет знаци дека ја пронајдовте сродната душа

Не можете, а да не го/ја сакате дури и во „најнеславните“ мигови кога прави глупави шеги или спие со отворена уста.

Дали сте во љубовна врска? Сметате ли дека вашиот партнер ви е сродна душа?

Проверете колку од овие работи се вистина за вас…

Знаци дека сте ја пронашле сродната душа:

– Одлично се забавувате и кога купувате намирници, одите во аптека, плаќате сметки и ја чистите куќата.

– Уживате дури кога ќе си порачате пица за носење и ја јадете дома на кревет.

– Не можете, а да не го/ја сакате дури и во „најнеславните“ мигови кога прави глупави шеги или спие со отворена уста.

– Убаво ви е кога сте во друштво на други луѓе, но подеднакво убаво ви е и кога сте сами.

– Неговото/нејзиното внимание ви е поубав подарок од која и да е материјална работа.

– Не се двоумите дали токму од него/неа да побарате помош кога сте во неволја.

– Се разбирате дури и само со поглед, но си имате и ваши зборчиња и изрази кои никој друг не ги разбира.

– Тој/таа е тука да ве охрабри секогаш кога сте на дното, но искрено да ви посочи кога грешите.

– Можете отворено да разговарате со него/неа за сè, па дури и за физичките недостатоци.

– Кога ќе се разболите знаете дека имате кој да се грижи за вас и се чувствувате сигурно.

– Кога сте заедно сте комплетно опуштени, не се оптоварувате како атмосферата да ја направите позабавна.

– Не правите сами нешто кое вашиот партнер го обожава – тоа ви дава чувство како да сте го издале (на пример гледање на неговата омилена серија без него).

– Со него/неа се смеете до солзи во најнеобичните ситуации.

Извор:Црнобело