Живот и Стил

Три знаци укажуваат дека мигрената прераснала во нешто многу поопасно

Три знаци укажуваат дека мигрената прераснала во нешто многу поопасно

Многу е важно да обрнете внимание на неколку сигнали кои вашето тело ви ги испраќа.

Кој боледува од мигрена знае колку таа може да биде болна и упорна.

Д-р Миа Минен, невролог и специјалист за мигрена и главоболки, истакнува дека е неизбежно повремено да ја почувствувате таа болка, за која знаете дека е оправдана со привремен стрес, напнатост или нешто слично.

Сепак, постојат главоболки кои укажуваат дека тие се всушност симптом на посериозна болест:

Постојано имате главоболка само на едната страна

Еден предупредувачки знак дека главоболката може да биде посериозна од мигрената е ако главоболката е „заклучена“ на страна, што значи дека страната на главата на која се јавува главоболката не се менува. Причините можат да бидат многу опасни, како што се тумори или аневризми, па затоа се препорачува да се направи скенирање на главата.

Ненадејна болка

Друг знак за предупредување е ненадејната болка (за разлика од постепената болка). Ова може да значи посериозен проблем како што е прекин на аневризмата.

Имате нов тип на главоболка

Доколку почувствувате различен тип на главоболка по 50-тата година од животот, или одеднаш почувствувате утрински главоболки, тоа е дефинитивно причина да посетите лекар.

извор:курир.мк