Љубов и Секс

Три важни работи кои можат да го поправат секој лош секс

Три важни работи кои можат да го поправат секој лош секс

За да изградите сексуална самодоверба потребно е искуство. Во подобрување на самодовербата можат да ви помогнат и овие чекори поради кои ќе се чувствувате целосно задоволени.

Бидете одговорни за сопственото задоволство

Познато е дека жените кои почесто се самозадоволуваат имаат поголема самодоверба во сексот, па во него наоѓаат повеќе задоволства бидејќи знаат како да го достигнат врвот.

„Ако ова не го практикувате, секако најдете време за да ги откриете вашите ерогени зони, како и кој интензитет на допир најмногу ви одговара“, вели сексологот Емили Морс.

Научете да го гледате вашето тело како сексапилно

За сексуална самодоверба важна е љубовта кон сопственото тело, како и доживувањето на самите себе како сексуални суштества. За да ја достигнете оваа цел, важно е да вежбате/ Облечете се во секси долна облека или облека во која се чувствувате секси и женствено и прошетајте пред огледало. Навикнете се на оваа идеја, дека сте секси.

Волшебни зборови

Мажите не можат да ги прочитаат вашите мисли, па ако нешто сакате тоа мора да го кажете и побарате. Ако партнерот прави нешто што не ви се допаѓа во текот на сексуалниот чин, најдобро е да му го кажете тоа.

„Уживајте во моментот и не заборавете да ги кажете овие моќни зборови: Ајде да се обидеме поинаку“, советува д-р Морс.

Извор:Кајгана.мк