Љубов и Секс

Три работи кои жените веднаш ги забележуваат на првиот состанок

Три работи кои жените веднаш ги забележуваат на првиот состанок

За понежниот пол, првата средба е многу важна, а впечатокот што мажот и го остава на жената е во повеќето случаи најважен за неа. Врз основа на впечатокот што го добива на првиот состанок, жената прави заклучок за мажот како личност и за тоа како изгледа да се забавуваш со него.

Затоа е многу важно мажот да се прикаже во најдобро светло за време на првиот состанок.

Жената веднаш ќе ги забележи овие три работи, врз основа на кои ќе одлучи дали ќе оди на друг состанок со тој маж.

Манири

Иако физичкиот изглед е нешто што прво не привлекува кон некого, не е се во тоа. Не е кажано без причина дека убавината е во окото на оној што гледа. Луѓето кои изгледаат убаво на прв поглед можат да станат многу грди кога ќе ги запознаеме малку подобро, додека некои луѓе за кои би рекле дека се со просечен изглед, ни изгледаат најубави на светот.

Жената нема да очекува да и донесете 101 роза и да го нарачате најскапиот пијалок, туку ќе ве смета за господин ако и ја отворите вратата, ја понудите вашата јакна и ја придружувате дома.

Хигиена

Секоја дама сака кога нејзиниот маж се грижи за изгледот и кога се грижи за себе. Впрочем, никој не сака да има неуредна личност до себе.

Она на што жените обрнуваат посебно внимание е мирисот – за нив е многу важно мажот да мириса убаво и мажествено. Но, мирисот не е единственото нешто што жената ќе го забележи, туку и уредни нокти, фризура и чиста облека.

Однесување кон келнерот

Доброто однесување во ресторан е едно од основните правила на бонтон. Тоа е идеална можност да ги покажете сите убави манири што ги поседувате како маж.

Ако мажот се однесува кон келнерот „од висина“, тоа однесување сигурно нема да наиде на одобрување од жените.

извор: Курир.мк