Живот и Стил

Три природни антибиотици кои помагаат при настинки и инфекции

Три природни антибиотици кои помагаат при настинки и инфекции

Веќе се познати антибиотските дејства на лукот, но покрај него постојат и други природни лекови кои помагаат при настинки, грип, забобол, разни респираторни инфекции и слично.

Овие природни производи позитивно влијаат на имунитетот, го подобруваат одбранбениот механизам и исто како лукот, треба постојано да ги имате дома.

Еве за кои три природни антибиотици станува збор:

Мед

За медот се знае дека има антимикробни својства. Исто така е одличен за третирање на воспалени дишни патишта, но и за превивање рани. Содржи органски киселини, минерали во траги, антимикробни соединенија, витамин Ц, витамин А, бета-каротен, како и сите минерали од Б-комплекс.

Чајно дрво

Етеричното масло од австралиската билка Мелалука алтерниофолиа има антибактериско дејство. Помага кај атлетско стапало, габични инфекции на ноктите, херпес, кожни воспаленија вклучително и акни, рани и изгоретини, како и во лекувањето на тврди и болни чиреви.

Исто така, етеричното масло од чајно дрво помага и во отстранувањето на првут.

Сепак, за разлика од другите природни антибиотици, овој не смее никогаш да се зема орално, бидејќи може да предизвика различни нуспојави. Кога се применува на кожа треба да биде разреден бидејќи може да предизвика алергиска реакција.

Жалфија, мајчина душица

Овие билки имаат силни антисептични дејства, најчесто се употребуваат кај воспалено грло и бактериска ангина. Орално може да се земаат и за воспалени горни и долни дишни патишта, додека за кожни воспаленија се применуваат надворешно.

Жалфијата се препорачува како течност за плакнење на воспалени непца, а помага и кај афти. Мајчината душица е извонреден лек против кашлица бидејќи кај продуктивна кашлица го поттикнува искашлувањето, а ја смирува сувата кашлица.

извор: Кајгана