Вистаграм

Трамваите во Осиек уредени во новогодишен дух: Возењето во нив изгледа како бајка!

Трамваите во Осиек уредени во новогодишен дух: Возењето во нив изгледа како бајка!

Трамваите во Осиек се украсени во духот на новогодишните и божиќните празници, а во возењето ќе уживаат и љубителите на Хари Потер.

Имено, надлежните за Градскиот превоз одлучиле да ги израдуваат најмалите, но и оние повозрасните, па ги украсиле сите трамваи. Еден изгледа како зимска бајка, додека друг го носи називот „Esseker Express“ и има мотиви од филмовите и авантурите на малиот волшебник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Osijek (@visitosijek)

Трамвајот „Ледено кралство“ вози на редовна линија. „Esseker Express“ во работните денови вози за организирани собири на деца од градинка и училиште, а можни се и поединечни резервации за магионичарска претстава во трамвајот. За викенд вози по редовна линија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Osijek (@visitosijek)

Адвент возењето се одржува во Осиек од 2011 година и очекувано секогаш предизвикува голем интерес кај жителите и туристите. Во текот на зимската сезона, божиќниот трамвај го посетуваат повеќе од 15 илјади луѓе.

Извор: Точка.мк