Креативноста и имагинацијата на јутјуберите нема граници, па честопати умеат нашите замисли да ги направат „реалност“. Токму таков е случајот со музичките „преработки“ на популарните хитови од страна на политичарите, спојувајќи делови од нивните јавни говори да звучат како да пеат одредена песна.
Нешто слично слушнавме и од поранешниот претседател на САД, Барак Обама, кој го „изведе“ мегахитот „Uptown Funk“, а еден од најактуелните синглови во моментов го „препеа“ актуелниот американски претседател, па како звучи „Havana“ на Камила Кабејо во изведба на Доналд Трамп можете да слушнете во продолжение.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.