Живот и Стил

Торта од банани која мора да ја пробате: Не се пече, готова е за 20 минути, а уживањето е загарантирано

Торта од банани која мора да ја пробате: Не се пече, готова е за 20 минути, а уживањето е загарантирано

Денеска ви претставуваме рецепт за освежувачка торта која не се пече и за чија подготовка не ви се потребни многу вештини, ниту време.

Потребни состојки:

– 200 гр. бисквити
– 150 гр. путер (растопен)
– 2 банани
– 40 гр. пудинг од ванила
– 75 гр. шеќер
– 400 мл. млеко
– 300 мл. слатка павлака

Начин на подготовка:

1. Сомелете ги бисквитите, додајте го стопениот путер и со рацете размесете тесто. Од тестото формирајте кора во кружен калап, па ставете во замрзнувач на 20 минути.

2. За тоа време направете го филот: сварете го пудингот со млеко, изладете го, покријте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер.

3. Изматете ја слатката павлака со шеќер и одвојте 5-6 лажици на страна. Изладениот пудинг малку изматете го со миксер, па додајте ја слатката павлака и соединете во фин крем.

4. Извадете ја кората од бисквити од фрижидер, па врз неа наредете крукчиња од 1 и пол банана. Врз тоа нанесете од кремот, израмнете со лажица, па одозгора украсете со преостанатите 5-6 лажици слатка павлака.

5. Украсете со крукчиња од преостанатата половина банана.

Извор: точка.мк