Љубов и Секс

Топ 10 „убијци“ на врските: Зошто раскинуваат мажите, а зошто жените?

Топ 10 „убијци“ на врските: Зошто раскинуваат мажите, а зошто жените?

Веб-страницата IllicitEncounters неодамна спроведе анкета меѓу 2.000 посетители од двата пола за тоа што најмногу може да ја загрози љубовната врска.

Иако се согласуваат дека врската нема смисла без емоции и приврзаност, мажите и жените генерално имаат сосема различни идеи за тоа што сѐ може да биде погубно за врската.

На жените најмногу им пречи кога мажите гледаат спорт на телевизија, додека за мажите најопасно е да престанат да фантазираат за партнерката и потоа следи крајот.

Сепак, треба да се има предвид дека се работи за анкета на корисници на сајтот IllicitEncounters, кои не бараат партнери за посветени и верни врски, па поверојатно е дека ќе дозволат да се уништи врската со ситници, отколку да се работи на заедничка иднина.

Топ 10 „убијци“ на романтични врски кај жените:

  • Повеќе сака да гледа спорт отколку да поминува време со мене
  • Не може да ме доведе до оргазам / тој е себичен љубовник
  • Опседнат е со видео игри
  • Мрзлив е и никогаш не помага низ дома
  • Секогаш е надвор со пријателите
  • Не му верувам
  • Почнав да фантазирам за други мажи
  • Се здебели и се запушти
  • Немаме заеднички интереси
  • Премногу е штедлив

Топ 10 „убијци“ на романтични врски кај мажите:

  • Престанав да фантазирам за неа бидејќи се здебели
  • Никогаш не иницира секс
  • Секогаш се жали за нешто
  • Има ужасни пријатели
  • Сакам да спијам со други жени
  • Никогаш не се забавуваме
  • Нема страст меѓу нас
  • Премногу сум зафатен
  • Досадно ми е и ми треба нов почеток
  • Подобро се забавувам со пријателите.

извор: Кајгана