Промотер

Тони Зен се врати во – „Клубот“ (ВИДЕО)

Тони Зен се врати во – „Клубот“ (ВИДЕО)

На првиот ден од последниот месец во 2022 година  во киното „Cineplexx Skopje City Mall“, во присуство на семејството, најблиските пријатели и соработници, се одржа промоцијата на новото музичко парче на Тони Зен, насловено „Клубот“ со кое тој нескриено ја искажа радоста за истото и по тој повод пред пристуните се обрати:

„Целата приказна започна со Иле, па продолжи со Ики и Нино. Со истите луѓе се соработува постојано, се менува само мал дел, во зависност од проектот. За ова музичко парче ми помогнаа млади луѓе кои верувам дека ќе го движат светот напред. Ми беше предизвик да работам со нив. Респект за сите што сте вечерва присутни, многу ми значевте во овој тежок период“ – рече Тони.

Во време на рецесија и светска криза, факт е дека најдобро поминуваат песните од реалниот живот, „Клубот“ е токму таква, моќна и енергирчна…Онаква каква што неговите фанови впрочем и очекуваат од него.

Доколку сè уште не сте ја слушнале песната, сторете го тоа уште веднаш (КЛИКНИ ТУКА).

Останати вести од Промотер