Мегафон
концерти

Тони Китановски и ДЈ Гоце САФ со концерт во „Јавна соба“

Тони Китановски и ДЈ Гоце САФ  со концерт во „Јавна соба“

На 30 ноември 2023 година во „Јавна соба“, во 21 часот, ќе се одржи концертот на Тони Китановски и диџеј Гоце САФ, насловен како „Afro Gitano“.

Овој проект е соработка помеѓу Китановски и Ерик Малу Малу од Киншаса, Конго, оригинална музика снимена на три континенти во пет земји (Конго, Канада, Франција, Австрија и Македонија).

На композиторско ниво, Afro Gitano е симбиоза на македонската ромска музичка традиција и музиката на Африка (Конго и Западна Африка).

Отворениот концепт овозмозува истражувања со други музички стилови, како овојпат со диџеј Гоце и хип хоп жанрот.

Останати вести од Мегафон