Радио Милева
сака да ги гледа внуците

Tомас Маркл повторно се заканува: Ќе ги тужи Меган и Хари доколку не исполнат она што го бара

Tомас Маркл повторно се заканува: Ќе ги тужи Меган и Хари доколку не исполнат она што го бара

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл наводно сака да ги даде на суд Меган и Хари за да може во иднина да ги гледа своите внуци Арчи и Лилибет.

Имено, тој се огласи за „Fox News“ и изјави:

„Ќе поднесам барања во судот во Калифорнија  за право да ги гледам своите внуци во иднина“.

Тој додал дека се надева дека кралицата Елизабета и останатите членови на семејството нема да ги казни внуците поради лошото однесување на војводата и војвотката од Сасекс.

„Арчи и Лили се мали деца. Тие не се политика. Тие не се дел од играта“, вели тој.

„Тие се исто така дел од кралското семејство и имаат право на ист третман како и останатите членови на семејството“, вели Томас Маркл.

фото: Профимедиа/принтскрин/епа/ефе/факундо  аризабалага

Останати вести од Радио Милева