Мегафон

Toма и Силвана никогаш не снимиле дует: „Полноќ“ ја напишал Жељко Јоксимовиќ за потребите на филмот (ВИДЕО)

Toма и Силвана никогаш не снимиле дует: „Полноќ“ ја напишал Жељко Јоксимовиќ за потребите на филмот (ВИДЕО)

Иако беа најблиски соработници и пријатели кои животот и добар дел од кариерата го поминаа заедно, Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ (во филмот ги толкуваат Милан Мариќ и Тамара Драгичевиќ) никогаш не снимиле дует.

 

Песната „Полноќ“ ја напишал Жељко Јоксимовиќ со помош на легендарниот Предраг Живковиќ Тозовац, кој тогаш бил се’ уште жив (а кој пишувал и за Силвана), а желбата на тимот била песната да звучи како „народна од тоа време“, т.е. да биде што поавтентична и пред се’ да ја покаже блискоста меѓу овие два лика, како и да предизвика поголеми емоции кај публиката заради невозвратената љубов на пејачката кон нејзиниот колега.