Радио Милева
„too sexy“

„Тој моден ритам“: Тијана Дапчевиќ како манекенка пред белградската публика (фото)

„Тој моден ритам“: Тијана Дапчевиќ како манекенка пред белградската публика (фото)

Нема таков кој не ја знае и не се сеќава на песната „Моден ритам“ во чиј спот режиран од Дејан Милиќевиќ, Тијана Дапчевиќ има улога на манекенка на модна писта, а тој заедно со неа во дует.

Оттогаш помина многу време, а сега таа повторно беше „too sexy“, но не за своја песна, туку на ревијата на неодамна одржаната Белградска модна недела.

Медиумите досега неколкупати и поласкаа на Тијана дека ако не би била музичар или актерка, таа би била одлична и како манекенка или модел.

Иако многупати досега за своите фотосесии позираше како модел, овој ангажман по долго време ја врати на модната писта бидејќи ова не е првпат таа да се појави во улога на манекенска за српски моден дизајнер.

Не се сомневаме дека се покажала одлично пред белградската модна публика, а на својот Инстаграм Тијана се пофали со неколку фотографии од вечерта каде беше музичко-манекенска ѕвезда.


Возбудата и продолжи со тоа што Тијана се спакува и заедно со синот Вук тргна за Скопје за да ја бодри од публика и да ја гледа внуката Хана како за првпат пее на „Златно славејче“.

фото:Инстаграм принтскрин/Тијана Дапчевиќ

Останати вести од Радио Милева